Здравје Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид Ретки Болести ТОП ВЕСТИ

Учениците од охридското Економско училиште со поддршка на кампањата за Денот на ретки болести

Охрид, 1. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од охридското Економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ се приклучија на кампањата и дадоа силна поддршка во одбележувањето на Денот на ретки болести.

– Учениците од медицинските паралелки, како идни доктори и медицински сестри, истражуваат и подготвуваат презентации за различни ретки болести кои ќе бидат изложени во холот на училиштето, но ќе бидат објавени и на Instagram под познатиот хаштаг #ShowYourRare, се` со цел и останатите средношколци и сите млади корисници на оваа социјална мрежа да се запознаат со ретките болести, информираат од училиштето.

Денес и официјално започна кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која Супер радио, активистот Гордана Лолеска и Здружението „Живот со предизвици“ ја иницираа во насока на запознавање на јавноста со ретките болести.

Повеќе за кампањата ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива