Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Струга и Охрид доминираат во полицискиот Билтен: почина работник, тепачки, кражби, закани…

Охрид/Струга, 2. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на подрачјето на Струга и Охрид доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР.

Ги Запознаваме Ретките Болести

– Утрово, околу 09:30 часот, во Полициската станица Струга било пријавено дека во населбата „Елен Камен“ во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил 49-годишниот Џ.А. од Струга и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

– Ноќеска, 50 минути по полноќ, во Полициската станица во Струга било пријавено дека пред интернет клуб на улица „Маршал Тито“, 25-годишниот Н.С. од Струга бил физички нападнат од повеќе лица. На Н.С. му била укажана помош во Медицинскиот центар во Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

– На 01.02.2019 година во Полициската станица Струга е приведен 39-годишниот А.А. од село Франгово, струшко затоа што упатувал закани по животот на 45-годишна жена од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– Ноќеска, во 03:00 часот по полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека тројца непознати сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа во село Ново Село и одзеле околу 12.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива