Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Да се повлече точката за легализација на дивоградбите во „Градиште“ од утрешната седница на Советот

Охрид, 4. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре, сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки.

Ги Запознаваме Ретките Болести

„Градиште“ е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија. Лицемерието, односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на денешната прес конференција.

– Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот „Градиште“ во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Замислете тие и незаконски веќе се вметнати во катастар на Република Македонија како „зпз земјиште под зграда”. Го повикуваме в.д градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката од дневен ред за легализација на дивоградбите на утрешната седница на Советот и веднаш да се донесе одлука за мораториум во согласност со препораките од УНЕСКО. Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и владата? Како е подготвена Владата да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6.000 денари по м2, а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на „Градиште“? Кој ќе биде сопственик на овие бесправно изградени објекти? Зошто молчи ЈУНП „Галичица“, со оглед дека овој локалитет е во Зоната за одржливо користење, или Хидробиолошкиот институт во Охрид? Повикуваме на разумност, исто како што ги повикуваме и сите еколошки друштва и граѓански здруженија да продолжат да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Препораките на УНЕСКО не посочуваа ваков несериозен начин на работи во „Градиште“ и незаконски да се заграби најатрактивниот простор на охридското крајбрежје, истакнаа од партијата на денешната прес конференција. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива