Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Со низа свечености ОУ „Григор Прличев“ ќе го одбележи патрониот празник

Охрид, 5. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности, ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, утре ќе го одбележи патрониот празник.

Свеченостите ќе започнат во 10:00 часот во дворот на училиштето, со полагање цвеќе на бистата на Григор Прличев и пригодна програма. Училишниот хор ќе ја изведе Химната на училиштето, по што ќе се читаат првонаградените литературни творби и ќе се доделат наградите на учениците. Според програмата, училишниот хор и оркестарот треба да ја изведат и песната „Игри без граници“.

Во 10:30 часот ќе започнат отворените часови со активностите на учениците, за од 11:15 часот да се одржи Прличевата визита во објектите на старата и нова училишна зграда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива