Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро се отвора новиот хотел Sky Corner (Фото)

Охрид, 6. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид наскоро ќе добие уште еден репрезентативен угостителски објект, во строгиот центар на градот.

Станува збор за сериозна инвестиција на охридската компанија „Инфобиро“, во склоп на која веќе работат и ИБ Фитнес центарот и Бистро „Корнер“.

Image may contain: people sitting, table and indoor

Image may contain: people sitting, table and indoor

Новиот хотел Sky Corner е сместен во еден дел од поранешните простории на „Охридска банка“ и според првите фотографии од објектот, ќе биде вистински „бисер“ на охридското угостителство.

Image may contain: sky, cloud and outdoor

Image may contain: sky and outdoor

Сопствениците најавуваат репрезентативен објект, а како посебна карактеристика ќе бидат ресторанот и кафе барот на самиот врв на објектот, од каде ќе се пружа прекрасен поглед кон Охрид.

Image may contain: 1 person, smiling, sitting and screen

Екипата на Супер радио, со која охриѓани до скоро го пиеја највкусното кафе во Bistro Corner од денес се сели во Sky Corner, од „студиото“ со убедливо најубавиот поглед на светот.

Денешен гостин во „Радио Корнер“ на Супер радио беше еден од најдобрите охридски Dj-и Ace Face.

Image may contain: 2 people, people smiling, people sitting, people standing and beard

– Уште сосема малку и Ве очекуваме на најубавата локација во градот, порачуваат од Sky Corner. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес