Избор Култура Охрид

Со поетско читање ќе се одбележат 118 години од раѓањето на А. ден Долард

Охрид, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со поетско читање, денес во КИЦ „Култура 365“ ќе се одбележат 118 години од раѓањето на А. ден Долард.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Од пред неколку години центарот го востанови настанот „Поетите во чест на А. ден Долард“.

На средбата ќе се одржи и предавање за животот и делото на холандскиот писател.  А. ден Долард беше најголемиот промотор на Република Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија. Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид, за што е сведоштво и култниот роман „Свадбата на седумте Цигани“.

Во Охрид, во рамките на Холандскиот парк подигнат е споменик, а има и спомен-соба, во рамките на КИЦ „Култура 365“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива