Забава Избор од Уредникот Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Младиот мајстор на Рубиковата коцка Александар Дуклески сруши 10 национални рекорди

Охрид/Скопје, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тринаесет годишниот Александар Дуклески од охридското село Требеништа, нашиот мајстор во склопување на познатата Рубикова коцка продолжува да ниже успеси и медали.

Ги Запознаваме Ретките Болести

На вториот официјален натпревар во Рубикова коцка „Macedonia Winter 2019“, што се одржа во Скопје, Александар сруши 10 национални рекорди.

Освои 4 медали на интернационално ниво и тоа два сребрени (во 3x3x3 со една рака и megaminx), како и два бронзени (5x5x5 и Skewb). На ниво на Македонија освои вкупно седум медали, од кои шест златни и еден сребрен.

На натпреварот учествуваа над 100 натпреварувачи од 12 земји.

Рубиковата коцка се смета за најпродавана играчка на светот. Историјата на Рубиковата коцка започнува 1974 година, кога идејата за тродимензионалната играчка ја добил кипарот и професор по архитектура Унгарецот Ерно Рубик.

Најпопуларната коцка на светот во основната верзија се состои од девет мали еднобојни коцки на секоја страна, а вкупно ги има 54. Кога боите на тродимензионалната коцка ќе се измешаат, пред вас се наоѓа тешка задача. Според некои пресметки Рубиковата коцка има 43,252,003,274,489,856,000 различни комбинации.

Меѓународни натпревари во склопување на Рубиковата коцка се одржуваат секоја година во разни категории. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива