Спорт

Дончиќ испиша историја, Јокиќ со трипл-дабл, „Фрик Грик“ ги растури Визардс (Видео)

Далас, 6. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Играчите од Балканот Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо, заедно со Џејмс Харден, индивидуално ја обележаа ноќта во НБА лигата. Тимски, ноќта мина во знакот на Голден стејт Вориорс кои ги декласираа Сан Антонио Спарс.

Далас Маверикс забележаа победа над Шарлот Хорнетс 99:93, а Дончиќ стана најмладиот играч во историјата на лигата кој во една сезона три пати забележал трипл-дабл. Словенецот натпреварот го заврши со 19 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Трипл-дабл, десетти во сезоната, забележа и Јокиќ, но Србинот не им помогна на Денвер Нагетс да го избегнат поразот кај Бруклин Нетс (135:130). Јокиќ зад своето име запиша 25 поени, 14 скока, 10 асистенции. Нетс го предводеше поранешниот играч на ЛА Лејкерс, Дианџело Расел со 27 поени и 11 асистенции.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива