Спорт

Мурињо во Милано преговара со Марота за Интер

Милано, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС)Жозе Мурињо пристигна во Милано и ќе се сретне со извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, објавија италијанските медиуми.

Ова ги засилува гласините од изминатите неколку дена дека Португалецот повторно ќе ги преземе „нероазурите“. Тој го предводеше тимот од 2008 до 2010 и запиша „требл“, освојувајќи ја Серија А,  Купот на Италија и Лигата на шампионите во 2010 година.

После тоа, кариерата на Мурињо помина низ Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед. Тој беше отпуштен од „црвените ѓаволи“ на 18 декември и моментално е без работа.

Во меѓувреме тренерот на Интер, Лучано Спалети е под постојан притисок поради незадоволителните резултати на тимот. „Сино-црните“ забележаа два порази и едно реми во последните три натпревари на шампионатот и тие се наоѓаат на третата позиција со 20 поени зад лидерот Јувентус. Тимот исто така беше елиминиран од италијанскиот куп. Затоа се вели дека менторот ќе биде отпуштен сега или најдоцна во текот на летото.

За нов тренер на Интер, исто така, се споменува името на Антонио Конте. Екс тренерот на Челиз и Јувентус неодамна беше забележано во близина на седиштето на „неразурите“ во Милано. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива