Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Историски час по повод 75 години од смртта на охридскиот револуционер Кирил Прличев

Охрид, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со историски час утре ќе бидат одбележани 75 години од смртта на охридскиот револуционер Кирил Прличев.

Настанот кој е во организација на општина Охрид и НУ „3авод и музеј“ од Охрид ќе се одржи од 12:00 часот, во „Куќата на Христо Узунов“.

За ликот и делото на Кирил Прличев ќе говорат вишиот кустос м-р Горан Митрески од НУ „Завод и музеј“ и Кирил Прличев, внук на охридскиот револуционер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива