Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Јавен оглас за вршење општински линиски превоз

Охрид, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз.

Предмет на овој оглас е доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници за: релација 1/2-Охрид-село Горно Лакочереј-Охрид – за период од пет години, сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз.

При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку две возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон.

За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, додека за докажување на вработени возачи се приложува потврда издадена од Агенцијата за вработување не постара од 6 месеци сметано од денот на објава на огласот.

Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.

Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворени коверти со назнака: за Јавен оглас 01/2019, најдоцна до 16-ти февруари до 14:00 часот на следната адреса: Општина Охрид – Комисија за спроведување на оглас 01/19-релација Охрид-Горно Лакочереј-Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 Охрид.

Условите кои треба да ги исполнуваат превозниците, критериумите за доделување на дозволите, како и потребните обрасци сите заинтересирани можат да ги најдат ОВДЕ. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива