Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Убавините на Охрид и Република Македонија претставени пред белгиските туристи

Брисел, 7. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ) од 4-ти до 6-ти февруари ќе ги претставува туристичките потенцијали на Република Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел „Salon des Vacances“.

Ги Запознаваме Ретките Болести

– И оваа година повеќе од кога било саемот изобилува со мноштво на можности за конектирање на бизнис секторот. Саемот за туризам е посетен од страна на 105.000 посетители од 800 дестинации и 350 егзибитори, информираат од АППТРМ.

Бројот на туристи од Белгија расте во континуитет. Во 2018-та година во споредба со 2017-та година, растот на белгиски туристи во Република Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33%, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing and indoor

Охрид, како најголем туристички центар во државата е дестинацијата за која туристите редовно покажуваат најголем интере. (Крај)

извор: АППТРМ фото: АППТРМ