Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со историски час денес ќе бидат одбележани 75 години од смртта на охридскиот револуционер Кирил Прличев.
Настанот кој е во организација на општина Охрид и НУ „3авод и музеј“ од Охрид ќе се одржи од 12:00 часот, во „Куќата на Христо Узунов“.
За ликот и делото на Кирил Прличев ќе говорат вишиот кустос м-р Горан Митрески од НУ „Завод и музеј“ и Кирил Прличев, внук на охридскиот револуционер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива