Избор Култура Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Се поставуваат информативни табли на објектите од културното наследство

Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј  – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Таблите согласно Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управа за заштита на културното наследство започнаа да се поставуваат на објектите.

Од вкупно 82 табли кои ќе се постават, во текот на вчерашниот ден беа поставени 12 табли на следните објектите: Куќа на Робевци, Куќа на Христо Узунов, Куќа на Уранија, Куќа на Патчевци, Куќа на Коле Котуше, Куќа на Ламбески, Куќа на Чаулеви, Куќата на Крапче, Куќата на Бојаџиеви, Куќата на Димзови, Управна зграда Завод и Музеј – Радничка школа, Куќа на Банде.

Во наредниот период ќе продолжи поставувањето на останатите  табли. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид