Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Октиси кое одгледувало марихуана во дворот

Струга, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица во Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Р. од струшкото село Октиси.

Ги Запознаваме Ретките Болести

– Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. При извршен претрес во неговиот дом, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis како и дрога марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива