Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Белгискиот авиопревозник Brussels Airlines од јуни ќе носи туристи во Охрид

Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија и Охрид како најголем туристички центар, од оваа година ќе бидат лесно достапна дестинација.

– Белгискиот авиопревозник Brussels Airlines од 17-ти јуни оваа година ќе лета до Охрид. На нивната официјална веб страна Охрид е промовиран како „еден од оние градови што никогаш не се забораваат“, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ), од каде од 4-ти до 6-ти февруари ги претставија туристичките потенцијали на Република Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел „Salon des Vacances“.

Image may contain: nature and outdoor

Од Агенцијата додаваат дека настапот и учеството на саемот е неминовност од аспект на мноштво на можности за конектирање на бизнис секторот и проширување на туристичкиот пазар. (Крај)

извор: АППТРМ фото: архива