Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавени институциите и проектите од културата од Охрид кои ќе добијат пари од министерството

Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за култура на Република Македонија на својата веб-страна ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Нашата најпрестижна музичко-сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“ од ресорното министерство ќе добие 25.000.000 денари и дополнителни 270.000 денари на име котизација за членство во Европската асоцијација на фестивали и учество на Генералното собрание на ЕАФ во Лисабон, Португалија.

Охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ добива 600.000 денари за организација на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, за Охридските староградски средби 50.000, за манифестација „Прличеви беседи“ 102.900, за ФА „Бисери“ 30.000 и за градскиот мешан хор „Вокс Линхидос“ 50.000 денари.

За Народниот театар од Охрид, средства се одобрени за само две претстави. По 800.000 денари ќе се доделат за реализација на претставите „Генерална проба за самоубиство“ на авторот Душан Ковачевиќ, во режија на Игор Ивковиќ и за „Балканска За/II“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе добие средства за: каталог на стари и ретки книги – 20.000 денари, Прличеви беседи-Охридска визита – 30.000 денари, збогатување на книжниот фонд – 200.000, заштита на движно културно наследство (библиотечни добра) – 10.000 и автоматизација на библиотечни процеси 20.000 денари.

Во однос на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, одобрени се десет проекти на НУ „Завод и Музеј“ од Охрид, за кои ќе бидат исплатени вкупно 790.000 денари. Станува збор за ледните проект:

– Опремување на депо за ракописи во НУ Завод и музеј – Охрид со систем за автоматско одржување на климатските услови (температура и релативна влажност) – климауред-инвертер;

– Набавување на техничка опрема и систем за вентилација за потребите на конзерваторската лабораторија при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид;

– Илуминација на музејската поставка на Куќата на Робевци;

– Поставување сигурносни брави за заклучување на влезните врати од Спомен-куќите на Христо Узунов и Григор Прличев;

– Тековно одржување и заштита на текстилни етнолошки предмети;

– Конзервација на накит и предмети за лична употреба од етнолошката збирка на Заводот и музеј – Охрид;

– Осовременување и опремување на депото во Галеријата на икони и преадаптација на изложбениот простор од Галеријата;

– Тековно одржување и заштита на дрвени етнолошки предмети;

– Тековно одржување и конзервација на предмети од историското депо и постојаната поставка;

– Тековно одржување на делата од областа сликарство, од збирката на современата уметност при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

Установта ќе добие и дополнителни 250.000 денари за реализација на Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива