Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Продолжен домашниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Скопје, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – СЈО соопшти дека Апелациониот суд денеска донел решенија со кои се продолжуваат мерките куќен притвор во траење од 30 дена за Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ кои се осомничени во случајот „Империја“.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Одлука за укинување на домашниот притвот претходно побараа адвокатите на бизнисменот Јордан Камчев, повикувајќи се на мислењето на Врховниот суд дека СЈО не треба да има надлежност за случаи за кои се поминати 18 месеци од преземањето

Од СЈО долнуваат дека за Тодор Мирчевски, покрај веќе изречената мерка на претпазливост – одземање на патна исправа, до Основниот суд, е доставено барање за определување на дополнителна мерка на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице.

За Зорица Арсовска, доставено е барање и за определување на дополнителни мерки на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице, забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за превземање на определени работни активности од дома, а кои се поврзани со правните лица – предмет на истрагата.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. (Крај)

извор: РСЕ фото: Тв21