Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Историски час во чест на Кирил Прличев

Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на општина Охрид и НУ „Завод и музеј“ – Охрид, денес во „Куќата на Христо Узунов“, со одржување на историски час, беше одбележана 75 годишнината од смртта на охридскиот револуционер, Кирил Прличев.

Ги Запознаваме Ретките Болести

За ликот и делото на Прличев, зборуваше вишиот кустос м-р Горан Митрески и внукот на револуционерот кој го носи неговото име Кирил Прличев.

– Кирил Прличев е значаен македонски патриот и револуционер кој оставил длабоки траги во македонското револуционерно движење. Тој е од онаа плејада на македонски револуционери кои намерно беа анатемисувани, саботирани, дистанцирани и затскриени од поранешната историографија на стариот комунистички систем. Причина затоа што беше деец на ВМРО со продесна ориентација. Поради тоа за пошироката јавност Кирил Прличев не беше доволно познат. Се` до 1990 година за овој македонски патриот се знаело многу малку, иако негов татко е македонскиот преродбеник Григор Прличев. Историографијата и историографите на поранешниот систем не ја истражувале неговата револуционерна и животна сторија и посветена борба за македонската кауза, истакна м-р Митрески.

Внукот на македонскиот револуционер, кој живее во Бугарија, Кирил Прличев ја истакна посветеноста на неговиот дедо до крајот на својот живот, да се бори за независна и самостојна македонска држава, која ќе ги обедини сите етникуми кои живеат во неа како рамноправни граѓани. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид