Избор На кафе со... Охрид ТОП ВЕСТИ

Новиќ: Среќен сум што сум дел од екипата на Sky Corner

Охрид, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бармен Даниел Новиќ е победник на Вигор бармен купот, што минатата година се одржа во Охрид, а пехарот го доби за неговиот авторски коктел „Руби Буби“.

Тој е дел од тимот на ексклузивниот хотел Sky Corner кој наскоро треба да започне со работа, а денес како специјален гостив во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио истакна дека е среќен што е дел од екипата на Sky Corner.

– Како тим фунционираме беспрекорно и во моментов ги правиме последните подготовки за свеченото отворање кое ќе се случи многу наскоро, вели Новиќ.

Супер радио: Гостите во новиот Sky Corner ќе имаат можност да уживаат во разновидни коктели професионално подготвени од најдобриот бармен во Македонија. Какви се импресиите, како Ви се допаѓа објектот и целата нова екипа?

Новиќ: Пред се` ми е многу мило што сум дел од екипата на Sky Corner. Како тим фунционираме беспрекорно и во моментов ги правиме последните подготовки за свеченото отворање кое ќе се случи многу наскоро. Сите со нетрпение го очекуваме тоа и верувам дека за многу брзо ова место ќе стане едно од омилените места за релаксација, место каде ќе може да се ужива во добар оброк, добро кафе и се разбира добар коктел.

Супер радио: Пред неколку месеци со твојот коктел „Руби буби“ ја освои жири комисијта и го освои пехарот за надобар бармен на „Вигор бармен купот.“ За да се создеде добар коктел кои компоненети се најзначајни?

Новиќ: Водката е основа на овој долг освежителен коктел „Руби буби“, кој го оценуваше хрватска жири комисија. Во него доминираат благи вкусови, како на пример вкус на карамела, бело чоколадо и шток креама, а основната „руби“ боја ја добива од црната рибизла. За секој коктел е особено важен соодностот на состојките, но особено значајна е и визуелната презентација.

Супер радио: Колку се авторски коктели имаш создадено до сега?

Новиќ: Не можам да се сетам на сите мои авторски коктели, ги има премногу, но меѓу оние кои ги чувствувам како позначајни во мојата кариера, тука се Ohrid Sunset и Despacito. Ohrid Sunset беше помовиран на гастрономската тура Taste Ohrid, a oсобено ми е драг и коктелот кој го создадов специјално за 9-тото првенство на баремени во Република Македонија, а со него го освоив третото место. По огрмниот летен хит го нареков Despacito и верувам поради самото име ќе биде интересен и за гостите во Sky Corner.

Супер радио: Колку време го креиравте и што се ќе содржи коктел минито во Sky Corner?

Новиќ: Коктел менито го креиравме подолг период, бидејќи сакавме на него да се најдат најразлични вкусови, од класични до уникатни. Од уникатните, кои ќе може да се пробаат единствено во Sky Corner, ќе ги спомнам коктелите со вкус на тиква, лаванда, со вкус на киви или оној кој го сметаме за типично македонски со вкус на ракија, а се вика Староградски коктел. Се рабира на менито е и коктелот на куќата, именуван Sky. Наша интенција е менито постојано да е збогатува и надополнува.

Супер радио: Во кој дел од животот свативте дека барменството ќе биде Ваша професионална препокупација?

Новиќ: Во барменство почнав да навлегувам уште од средношколските денови. Во тој период во Белград се организираше натпревар за бармени, тоа беше мој прв натпревар. Со мојот коктел „Белиот лебед“ освоив трето место. Тоа беше тој клучен период во мојот живот кога сватив дека сакам да се занимавам со барменство, кое го доживувам како своевидна уметност.

Супер радио: Што ти е инспирација за испробување нови рецептури, за креирање нови коктели?

Новиќ: Кога гостинот ќе ја види коктел картата сакам да му помогнам со изборот и да предложам и нови вкусови и идеи создадени според нивините лични афинитети. За мене е инспиративен момент кога гостинот е задоволен и ужива во коктелот со сите сетила. Основно е гостите секогаш да имаат можност да уживаат во различни вкусови.

Супер радио: Пред крај, какви нови предизвици стојат пред Вас?

Новиќ: Мојот следен голем предизвик е Државното првенство за бармени. Се надевам дека од ова натпреварување ќе се вратам со уште еден успех за мене, но и за градот Охрид.

Eмисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење