Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Стружанецот Горан Трпеноски избран за член на Антикорупциска комисија

Скопје/Струга, 8. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања предложи Билјана Ивановска да биде нов претседател на Антикорупциската комисија.

Ги Запознаваме Ретките Болести

За членови во Државната комисија за спречување корупција се предложени: Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи. Тие ја добија довербата на членовите на Собраниската комисија, избрани од вкупно 57 кандидати.

Ивановска: Ќе работиме одговорно, транспарентно и професионално

Новинарот Горан Трпеноски, кој е со потекло од Струга, работеше во весникот „Вест“, па во порталот Сакам да кажам. Тој беше член на Ад хок телото за медиуми, предложен од СДСМ, кое го оценуваше известувањето на медиумите за време на изборите согласно Пржинскиот договор меѓу партиите. (Крај)

извор: ако.мк фото: Горан Трпеноски/Независен