Охрид, 9. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 19:00 часот, на магистралниот пат Охрид-Скопје во близина на селото Оровник, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила и камион.
Порталот Скопје 1 јави дека во несреќата полесно биле повредени три лица и истите биле итно префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
СВР изврши увид на лице место и повеќе информации најавуваат за во текот на денешниот ден. (Крај)
извор: Скопје 1 фото: архива