Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Хрватски новинари, блогери, гастрономи и инфлуенсери во посета на Охрид

Охрид, 9. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, хрватски новинари, блогери, гастрономи и инфлуенсери денес беа во посета на убавиот Охрид.

– Поинакво и уникатно искуство во сончевиот Охрид имаа денес хрватските новинари, блогери, гастрономи и инфлуенсери. Информативното патување е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) во соработка со нашите пријатели и партнери #Place2Go. Градовите Охрид, Скопје, Битола, Кавадарци, Демир Капија се на нивната агенда за посета, информираат од агенцијата.

Се очекува секое нивно доживување во Република Македонија да го прераскажат во Хрватска, носејќи го убавиот глас за нашата држава ширум светот. (Крај)

извор: АППТРМ фото: АППТРМ