Здравје Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот

Охрид, 10. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од неодамна, Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Станува збор за мерни станици кои ги објавуваат информациите на апликацијата „Мој воздух“. Локациите во Охрид се: „Охрид – Први мај“, „Охрид – Богомилска“ и „Охрид – Мирче Ацев“.

Според последните мерења (12:00 часот, 10-ти февруари 2019 година), на мерната станица „Охрид – Први Мај“, во градот измерени се 57 микрограми PM 10 честички на метар кубен. На мерната станица „Охрид – Богомилска“ во истиот период во воздухот имало 20 микрограми PM10 честички на метар кубен, додека мерната станица „Охрид – Мирче Ацев“ во тој период не испраќала податоци до апликацијата.

Што се PM честички?

PM честички се ситни честички (тврди или течни) што се присутни во воздухот. Некои покрупни честички како што се прашина можат да се видат со око, но поситните честични можат да се видат само под микроскоп. PM честичките се мерат во микрометри или скратено микрони. Обликот материјалот и дистрибуцијата на облик и маса од кој што се изградени драстично варира од регион до регион и од период до период. Во урбаните средини, PM честичките можат да бидат од најразлична природа во себе вклучувајќи и разни хемикалии и отрови штетни по здравјето на луѓето. Во PM честички спаѓа и поленот (до 100 микрони), кој е една од главните причини за пролетните алергии.

Image result for пм 10 честички

Кои се стандардни мерки за мерење на PM честичките?

PM честичките најчесто се мерат во микрограми на метар кубен за димензии PM2,5 и PM10. При тоа PM2,5 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 2,5 микрометри. PM10 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 10 микрометри. Според Светската Здравстевна организација, дозволената граница за PM10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми/м3 додека за PM2,5 изнесува 25 микрограми/м3

Како се мерат PM честичките?

Мерач на ПМ честичкиДа се измери колку тежат микроскопски честички кои лебдат во воздухот, не е лесна задача. Сите тие варираат во димензија, облик, материјал, влажност. Од тие причини инструментите за мерење на маса на PM честички коштаат повеке од 10.000 евра. Принципот на работа на професионалните мерачи се заснова на едно фундамендално физичко својство, доколку низ некоја материја пуштите бета зрачење (сноп од електрони) нивното ослабување ќе биде исклучиво зависно од масата на материјалот и ни еден друг параметар. На овој начин, без да се знае обликот и материјалот на PM честичките, може да се измери нивната маса. Овој тип на инструмет се вика BAM – Beta attenuation monitoring и претставува референтен инструмент за мерење на масата на PM честичките во мерните станици.

Како работи BAM инструментот?

– Се филтрираат и се пропуштаат сите PM честички помали од 10 микрометри.
– Филтрираните честички се таложат на хартија во рок од 1 час
– Се пушта бета зрачење врз наталожените PM честички и се мери ослабувањето. На тој начин се пресметува масата на PM честичките во рамките на тој час. Ова е најточниот метод што постои за мерење на маса на PM честички

Ласерски мерач на број на PM честички?

Бидејќи референтните инструменти се многу скапи и гломазни, постојат и друг тип на мерачи, кои се ласерски мерачи на број на PM честички. Ласерските мерачи работат на база „Mie Scattering“, се одбива ласерот од честичките во воздухот и се лови на сензор. Потоа со математички опериации на база на математички серии, се проценува колку PM честички постојат во воздухот. За жал знаејќи колкав е бројот на честичките, не може да се каже колку тие тежат бидејќи не се знае ни едно друго својстов за нив како што е облик, специфична густина, распределба на обликот и др. Некои ласерските инструменти имаат вградено апроксимативни конверзии од број на PM честички во маса (ug/m3), но тоа е апроксимативно. Но, доколку инструментот се користи само за релативна споредба тогаш тие се одлични. Со тек на време особено при долга работа, ласерот почнува да ги губи својствата а со тоа се намалува и точноста на инструментот. Исто така и самото таложење на PM честичките внатре во инструментот придонесува да им се намали точноста.

Кои се изворите на PM честички во Република Македонија?

– 32% домаќинства
– 20% сообраќај
– 19% градежни активнисти, улична прашина
– 18% индустрија
– 7% сулфатни соли
– 2% нитратни соли
– 2% прекуграничен пренос

Како PM честичките вилјаат на нашето здравје?

Кога воздухот е загаден, со само едно вдишување внесуваме илјадници PM честички во организмот. Крупните честички се налепуваат на респираторните патишта и скоро и да не стигнуваат до белите дробови. Ситните честички се многу поопасни. Тие стигнуваат до белите дробови, а тие поситни од 2,5 микрометри директно навлегуваат во крвотокот и се дистрибуираат во целиот огранизам.

Според докторите, дишењето на загаден воздухот може да предизвика мозочен урад, срцеви заболувања, рак на белите дробови и многу други болести. Овие болести, кои се последица од аерозагадувањето, се водечка причина за смрт на подрачјето на Република Македонија, особено во зимскиот период. Само од аерозагадувањето се регистрираат и до 1.200 смртни случаи на годишно ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес/winixmk.mk фото: архива