Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк во целата држава

Скопје/Охрид, 10. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пазарџиите најавуваат генерален штрајк во целата држава. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена и дека постигнале согласност да продолжат консултациите меѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни. И од Министерството за економија потврдија дека последната средба завршила со позитивен резултат. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.

Иако сè уште неофицијално, пазарџиите подготвуваат иницијатива до Уставен суд за да се преиспита уставноста на законот, што беше донесен по скратена постапка и како што велат, без консултација со сите засегнати страни.

Image may contain: car and outdoor

Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ Собранието на Република Македонија на 28-ми јануари минатиот месец го усвои предлогот по скратена постапка да се донесе одлуката за да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка.

Одлуката следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра. Пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими, ја образложи одлуката и рече дека со ова им се дава повеќе простор на пазарџиите и Владата да се усогласат.

– Во средбите со трговците во зелените пазари видовме дека е потребно да се одложи имплементацијата на законот се` додека не се договориме, и да се подготват трговците да се спроведе законот, рече тогаш Алими.

Измените предвидуваат за три месеци да се одложи донесувањето на подзаконските акти, регистрацијата на пазарџиите да започне да се применува од 1 јануари 2020 година, до тогаш пак организаторите на зелените пратеници треба да го усогласат своето работење согласно законските одредби.

Согласно законот на пазар нема да може да продаваат пензионери или хонорарно вработени лица. Во Охрид таа категорија луѓе е значителна и стигнува и до 50% од пазарџиите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес