Спорт

ПСЖ без Кавани,Нејмар и Верати за дуелот со Јунајтед

Париз, 11. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Погодокот на Единсон Кавани од белата точка во 42-та минута беше доволен за домашната победа на ПСЖ од 1:0 против Бордо, но ретко кога еден тренер бил толку потресен по победа, како што тоа беше тренерот на Парижаните, Томас Тухел.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Токму при изведувањето на пеналот, Кавани го повреди бедрото, а со оглед на тоа дека првата ѕвезда на клубот Нејмар и многу важниот Марко Верати се повредени, Тухел е во навистина тешка ситуација.

Утре, ПСЖ го очекува најважниот натпревар оваа година – првиот судир со Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“, и многу е веројатно дека тие нема да може да сметаат на дури три свои големи ѕвезди Кавани,Нејмар и Верати.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива