Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Почина уште едно бебе заболено од морбили, во Охрид нема регистрирани случаи

Охрид, 11. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – 13-месечно бебе од тетовскиот регион вчеравечер починало од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Според податоците, бебето не било вакцинирано со МРП вакцината.

Ова е веќе трет случај бебе да почине како последица на мали сипаници. Минатава недела животот го загуби бебе од Свети Николе, а на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со компликација на белите дробови.

Во Охрид ситуацијата со морбилите е стабилна. Директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска за Супер радио и OhridPress информира дека нема регистрирани злучаи на заболени од мали сипаници.

Од министерството за здравство и натаму апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Имунизацијата е бесплатна, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива