Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со локален снег и температура до 4. степени

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено во западните делови и претежно во претпладневните часови. Ќе дува засилен северен ветер.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4 степени.

– Под влијание на многу студена воздушна маса од север од денес до четврток следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. Утре ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час и ќе има локален слаб снег. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес