Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Снег со послаб интензитет врне на премините Стража и Пресека

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес