Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот Ротари клуб донираше компјутерска опрема за децата со посебни потреби во ОУ „Братство Единство“

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ротари клубот од Охрид, вчера донираше компјутерска опрема за децата со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство“ во Охрид.

– Донирани се технички средства – лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за полесно совладување на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето. Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице-дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, се` со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот процес, информираат од клубот.

Додаваат дека донацијата е дел од предвидените активности во годишната програма на Ротари клубот Охрид, во насока на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива