Избор Македонија

„Триглав“ бара да основа ново пензиско друштво

Скопје, 12. февруари 2019 (ОХРИДРПРЕС) – Заваровалница Триглав д.д. од Република Словенија достави Барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, информира Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Процесот за основање, посочуваат од МАПАС, ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

– Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови, велат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива