Избор Македонија

Словенија денеска ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО

Љубљана, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Словенија денеска се очекува да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

На седницата се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој e во официјална посета на Словенија.

Според најавите од Албанија, вo четврток Пристапниот протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива