Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Знамето на НАТО подигнато пред Влада

Скопје, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена церемонија знамето на Северно атлантската алијанса беше подигнато пред зградата на Владата, како симболика за започнатиот процес на зачленување на земјава во НАТО.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Знамето на НАТО на премиерот Зоран Заев му го предаде шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје, по што премиерот го предаде на припадниците на АРМ.

Со ова кажуваме дека нашата татковина е на вистинскиот пат кон прогресот и непречен развој. Успеавме. Од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении се вративме на главниот автопат кон Европа, можеме сите да бидеме горди што го живееме новото време, ера на изградба на демократско општество, на рамноправни граѓани кои стремат да ги освојат европските вредности, потенцира Заев во обраќањето.

– Во периодот кој следи ќе бидеме дирктни учесници во историски најзначајниот период од осамостојувањето на државата. Иднината повеќе не ни е судбина, ја прзедовме судбината во свои раце и ја одредивме иднината. Со тоа ја прифаќаме и одговороста да ја оставиме историската цел. Подигнувањето на знамето на НАТО не е само симболика, туку е реалност, тоа нова страница во нашата историја, рече Заев.

Тој оддаде почит и посебна благодарност за придонесот што го дадоа загинатите војници и миротворци во мировните мисии на НАТО во кој учествуваше нашата земја, потенцирајќи дека нивните животи се во темелите на овие историски моменти. Изрази благодарност и до претседателот Борис Трајковски кој заедно со своите соработници ги загубија животите во авионската несреќа токму за време на нивната служба и мисија да ја направат нашата земја да биде почитувана интергрирана и безбедна, како и на првиот претседател Киро Глигоров, кој уште пред независноста на нашата земја, со својата цврста заложба за мир се определи за евроатлантските интеграции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива