ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Стариот чинар сведок на нашиот колективен срам (Фото)

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Под тежината на обилните врнежи од дожд и снег, но и под уште поголемата тежина на нашата колективна неодговорност, една од најголемите препознатливости на Охрид, 11 века стариот Чинар, на плоштадот „Крушевска Република“ деновиве е во очајна состојба.

Image may contain: tree and outdoor

Image may contain: tree, plant, shoes and outdoor

Со секој поголем снежен бран, се откинуваат гранки од илјадалетното дрво, кое пред многу години беше буквално „тапацирано“ во име на некаква негова наводна заштита. Во 1967 година охридскиот Чинар беше прогласен за споменик на природата и е ставен под заштита на државата.

Image may contain: tree, sky and outdoor

Во август 2002 година силен ветер ја урна најкрупната гранка од чинарот заедно со дел од старото стебло. Тоа беше причина да се заштити и конзервира од вакви слични временски неприлики, но се чини дека оттогаш досега не се преземени никакви други дополнителни мерки бидејќи дрвото очигледно дека не е доволно заштитено.

Помали оштетувања се регистрираат секојдневно, а древното дрво, кое според легендата, го засадил лично Свети Климент Охридски уште во првата половина од деветтиот век, денес е буквално потпрено на бандера за да не падне.

Image may contain: tree, sky, plant, outdoor and nature

Image may contain: tree, sky, plant and outdoor

Image may contain: tree, sky, plant and outdoor

Чинарот во Охрид е сврталиште на граѓаните, но и на туристите кои го посетуваат градот. Тоа денес за жал е огледало на нашата колективна неодговорност и на тоа колку се грижиме за најголемите и неповратните препознатливости на древниот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес