Избор Култура Охрид Ретки Болести ТОП ВЕСТИ

По повод Денот на ретките болести, проекција на филмот „Лицата на Лафора“ во Охрид

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, наскоро во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.

Настанот ќе се одржи во петок, 22-ри февруари, со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид.

– На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија, информираат Гордана Лолеска и Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“, кои испраќаат благодарност до општина Охрид за „несебичната поддршка за ретките болести“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива