Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец се заканувал со пластичен пиштол

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, околу 15:30 часот, се случил инцидент на улицата „Партизанска“ во Охрид.

– 47-годишниот М.М. и 29-годишниот Х.Б. од Охрид го нарушиле јавниот ред и мир помеѓу, откако по вербална расправија, Х.Б. извадил пиштол и започнал да му упатува закани на М.М. кој се сокрил во угостителски објект кој бил во близина. По преземени мерки утврдено е дека се работи за пластичен пиштол. Со двајцата учесници во нарушувањето, извршен е разговор во СВР Охрид, по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива