Локална самоуправа

Подготвителни активности околу проектот за реконструкција на влезот и големата општинска сала

Охрид, 12. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготвителните активности и наскоро се очекува да почне реализацијата на проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и Салата од Советот на општина Охрид“ кој беше избран на Форумот на заедници.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Кон крајот на минатата година се одржаа четири работни сесии на кои седумте работни групи во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор дебатираа и предлагаа проекти за социјална инклузија. Како приоритетен беше избран токму проектот за реконструкција и адаптација на влезот и големата општинска сала.

– Со проектот за реконструкција е предвидена и изградба на настрешница, за која ќе треба да се издаде одобрение за градба, како и лифт за инвалидизирани лица. Се чека да бидат префрлени парите од UNDP за да може да се отвори тендерската постапка, која ќе биде во три дела, велат за Супер радио и OhridPress извори од општината.

UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија во реализација на проектот ќе учествуваат со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Доколку за овој проект не се потрошат сите предвидени средства остатокот од нив ќе бидат пренаменети за реализација на некој од преостанатите проекти: Уредување на младинска канцеларија и младински совет, поголема туристичка презентација на општина Охрид преку нови форми на маркетинг и подобрување на условите за настава и работа во ОУ „Христо Узунов“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива