Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев ќе ги посети повредените од автобуската несреќа – потоа Комеморативна седница

Скопје, 14. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Зоран Заев денеска во 10:30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи во близина на село Ласкарци, а кои се сместени во болницата 8-ми септември.

Потоа, премиерот Заев ќе се упати кон Гостивар кадешто во 12:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа којашто ќе се одржи во Општина Гостивар. (Крај)

извор: Прес 24 фото: архива