Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Министерот Филипче утрово ги посети повредените пациенти во вчерашната несреќа

Скопје, 14. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги посети  повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од министерството за здравство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива