Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски в сабота ќе трча на Балканско првенство во Турција

Охрид, 14. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК Охрид Јован Стојоски в сабота ќе учествува на 24-то Балканско атлетско првенство во сала кое ќе се одржи во Истанбул, Турција.

Стојоски ќе учествува на трката од 400 метри, за ова натпреварување моментално е на подготовки во Софија и се надева дека ќе постигне одлични резултати.

Претходно на отвореното сениорско првенство што се одржа во Белград го сруши македонскиот државен рекорд на 200 метри во сала, се врати со златен медал од престижниот 48-ми меѓународен митинг „Академик“ кој се одржа во Софија, Бугарија, а на новогодишниот митинг во Белград, Србија, Стојоски прв ја мина целта во трката на 400 метри со резултат 49,29 со што постави нов личен рекорд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива