Избор Свет

„Ербас“ го прекинува производството на авионот „суперџамбо џет“

Дубаи, 14. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Ербас“ („Airbus“) ќе го прекине производството на моделот А 380, со што ќе го повлече од пазарот својот легендарен „суперџамбо џет“.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Европскиот производител на авиони се одлучи на тој потег откако авионската компанија „Емирати“ од Дубаи значително ги намали порачките за тој тип авиони.

А 380, најголемиот светски авион, тргна на својот прв лет пред 14 години.

Авионската компанија „Ербас“ досега испорача 234 „суберџамбо“ авиони, а кога почна со производство на тој двокатен модел, предвидуваше дека во истиот период ќе продаде 1.200 такви авиони.

„Ербас“ во целост ќе го прекине производството на авионите А 380 во 2021 година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива