Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

КК Гостивар бара одложување на Купот на Македонија

Гостивар, 14. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарскиот клуб „Гостивар“ побара одложување на завршницата во Купот на Македонија, која треба да се одржи од 15 до 17 февруари во Гевгелија, по вчерашната трагедија која се случи на автопатот Скопје-Тетово во која животот го загубија 14 лица, меѓу кои и нивниот играч Јовица Трпевски. 

Ги Запознаваме Ретките Болести

– Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град КК Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во објавата на фејсбук страницата на клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива