Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид реализира акциски контроли, на три возачи им се одземени возачките дозволи

Охрид, 19. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 16-ти до 18-ти февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализирани повеќе сообраќајни акциски контроли.

– Полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила (Охрид-83, Струга-89, Кичево-82 и Дебар-60), вкупно 144 возачи беа алкотестирани (Охрид-40, Струга-56, Кичево-28 и Дебар-20) пришто, кај вкупно 13 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-3, Струга-1, Кичево-5 и Дебар-4). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности, а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај, информираат од СВР Охрид.

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.

– Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и континуирано ќе се реализираат на целото подрачје, додаваат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива