ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Златен карас уловен во водите на Охридското Езеро

Охрид, 21. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски – Лепи денес на неговиот профил на Facebook објави фотографија од риба, уловена во езерото, која не смее да биде редовна глетка во водите на Охридското Езеро.

Станува збор за неавтохтон вид златен карас, риба која и претходно е забележана во водите на езерото, а ја уловил риболовецот Боби Стојаноски.

Рибата која е со тежина од околу еден килограм, најверојатно е пуштена во езерото од страна на неодговорни поединци, а е уловена во каналот „Студенчишта“. Експертите апелираат тоа да не се прави, бидејќи сериозно се нарушува биодеверзитетот.

No photo description available.

Ова не е прв ваков случај. Во август минатата година, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во водите на Охридското Езеро, кај „Заливот на коските“, ја снимија рибата сончарка (Lepomis gibbosus), која исто така не припаѓа на охридскиот екосистем. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Љупчо Стојкоски – Лепи/Боби Стојаноски

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење