Избор Охрид Ретки Болести ТОП ВЕСТИ

Денес ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“ по повод Денот на ретките болести

Охрид, 22. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, денес во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.

Настанот ќе се одржи со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид.

– На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија, информираат Гордана Лолеска и Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“, кои испраќаат благодарност до општина Охрид за „несебичната поддршка за ретките болести“.

Додаваат дека по завршувањето на проекцијата на филмот во ноќниот клуб „Хавана“ ќе се одржи забава на која посетителите ќе можат да ги обојат лицата со боите на ретките болести и со тоа да го дадат својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива