Спорт

НБА: Лејкерси со импресивен пресврт до победа против Хјустон (видео)

Лос Анџелес, 22. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Леброн Џејмс беше во основата на импресивниот пресврт кој Лос Анџелес Лејкерс го остварија, откако стигнаа заостанување од 19 поени во домашниот меч против Хјустон. „Кралот“ и неговите соиграчи губеа со голема разлика во средината на третиот период, но успеаја да стигнат до краен успех со 111:106.

„Езерџиите“ го бркаа резултатот во поголемиот дел од дуелот во „Стејплс Центар“, а осум минути пред финалната сирена заостануваа со седум разлика (88:95), но осумте поени на Џејмс, дел од серијата од 17:4, ја запалија искрата и така дојдоа до триумф. Четири минути пред крајот, Лејкерси веќе беа во предност со 99:97, а малку подоцна предноста на тимот од Калифорнија достигна осум поени. На крајот, играчите на Лук Волтон победија со 111:106.

По шести пат во сезоната, Лејкерс се враќаат и освојуваат натпревар по заостанување од 15 или повеќе поени.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива