Избор Култура Охрид Ретки Болести ТОП ВЕСТИ

Бојиќ: Документарецот „Лицата на Лафора“ покрена глобална спирала за пронаоѓање лек за Лафорината болест

Охрид, 22. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на Филмската академија во Охрид од 18:00 часот, по повод Денот на ретките болести ќе се прикаже документарниот филм „Лицата на Лафора“, приказна за една мајка која го преврте светот за да ги спаси своите девојчиња.

Филмот бил комплетиран пред две години. Во приказната се работи за најтешката форма на епилепсија, всушност тоа е Лафорова болест и со самото тоа ова станува интересна приказна не само за медиумската популација туку и за публиката ширум светот, рече режисерот на фимот Денис Бојиќ, кој беше денешен гостин на Супер радио.

– Едно семејство од Бања Лука ја имаше таа несреќа нивните деца да боледуваат од оваа болест и всушност од нивната приказна потекнува целата глобална спирала, пронаоѓање лек за Лафорината болест.

Она што е интерсно кога се зборува за ретките болести, во овој случај филм за ретките болести, обично документарец снима некој од членовите на семејството или некој близок. Јас не сум лично поврзан за ретките болести, филмските мотиви во овој случај беа приоритетни, а потоа оние длабоко човечките, да се прикаже страдањето на тие лица, нивните семејства и да се покаже дека тие всушност живеат околу нас, имаат големи проблеми и дека тие проблеми можат да се решат ако во тоа активно се вклучи и општеството, потенцира Бојиќ.

Image may contain: 3 people, people sitting

Намерата на екипата која работеше на филмот била тој да стигне до што е можно повеќе публика, на повеќе места во светот, во што и успеале.

– Успеавме досега да го прикажеме на 25 филмски фестивали, имаме освоено 10-на награди, го претставивме на Свескиот конгрес на епилептолози во Барселона, на Конгрес на неврозоли во Берлин, во Европскиот парламент во Стразбур, на повеќе медицински факултети во регионот, во Виена на најголемата европска клиника… Во месец април одиме за Париз, филмот ќе се прикажува во францускиот Сенат. Воглавно успеавме да ја поместиме границата филмот да се прикажува не само на филмски фестивали, туку и институционално, за луѓето кои можат нешто да променат, кои можат да одлучуваат, да видат со што се соочуваат луѓето со ретки болести, со што се борат и каква е нивната проблематика, подвлече Бојиќ.

Режисерот изрази задоволство што филмот дојде во Македонија, пред неколку мсесеци беше прикажан во Скопје, сега во Битола и Охрид, а доколу добијат покана, проекции ќе има и во други градови низ земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес