Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Три медaли за Стефан Стефаноски на Отворениот турнир во фрлачки дисциплини

Охрид, 25. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Одличен настап и три медали освои охриѓанецот Стефан Стефаноски, член на АК „Охрид“ на Отворениот турнир во фрлачки дисциплини што вчера се одржа на СРЦ „Билјанини извори“, во организација на Атлетската федерација на Македонија.

Стефаноски се закити со еден златен и два бронзени медали. Златото го освои во дисциплината фрлање диск-сениори со резултат 42.49. Бронзените медали ги освои во фрлање копје (29.20) и во фрлање ѓул0 (10.20).

На турнирот учествуваа натпреварувачи од седум атлетски клубови од земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење