Избор Општина Дебрца Ретки Болести ТОП ВЕСТИ

Со Alphabet people учениците од ОУ „Дебрца“ изразија поддршка на лицата со ретки болести

Дебрца, 25. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Дебрца“ Белчишта и подрачното училиште Лешани на уникатен начин изразија поддршка на лицата со ретки болести.

Слоганот на кампањата за ретките болести „We care for rare“ го изработија со знаковен јазик, како и со т.н Alphabet people.

– Учениците ветија дека секоја година ќе смислуваат најразлични идеи кои ќе ги реализираат заедно со своите наставници, со цел одбележувањето на месецот на ретките да го збогатат со нивната креативност, велат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес