Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Ученици од III година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ изработуваат „Туристички водич за тинејџери“

Охрид, 26. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со учениците од III година при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, ја започнавме финалната фаза од реализација на проектот „Stadtführer für Teens“ (Туристички водич за тинејџери), информира професор Ивана Маховска.

No photo description available.

Image may contain: indoor

– Целта ни е да учиме германски, да ги прикажеме убавините на нашиот град, кои се интересни за младите, да се спријателуваме со млади од целиот свет кои учат германски јазик преку социјалната мрежа Instagram, споделувајќи ги со нив интересните места во Охрид. Првиот дел од финалната фаза е Изложбата поставена во училиштето, за што им благодарам на сите колеги за разбирањето и несебичната поддршка. За учениците кои го работат овој проект… Ова не се само обични ученици, ова се златни, презлатни деца желни за соработка и дружење. Вредни и умни глави, вели Маховска.

Image may contain: one or more people, people standing and indoor

Таа испраќа благодарност до Goethe-Institut Skopje за добиеното признание за овој проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: проф. Ивана Маховска

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење